За привлекување странски инвеститори поранешната Влада потрошила 12,5 милиони евра за реклами во домашни медиуми

by fokus

Поранешната Влада привлекувала странски инвеститори со рекламирање на македонски медиуми. За таа цел потрошила 12,5 милиони евра. Уште 31 милион евра Владата платила за реклами за привлекување странски инвестироти на странски медиуми, обелодени денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Тој праша  зошто биле плаќани милиони евра на македонските медиуми, на каков начин тие би можеле да привлекуваат странски инвестиции и за што им се исплатени 12,5 милиони евра.

За т.н. роуд шоуа, пак, министрите без ресор, заедно со поранешниот премиер потрошиле 5,6 милиони евра буџетски средства.

-Економските промотори чија улога никогаш не беше јавно и транспарентно објаснета и беше во конфликт со македонската дипломатија, ги чинеле граѓаните на Република Македонија цели 12,5 милиони евра, рече Бошњаковски.

 

 

Поврзани новости