За пораките од амбасадата на САД, ДПМНЕ бара официјална потврда од Вашингтон

by fokus

-Немаме ништо повеќе да додадеме на она што веќе го кажавме – рекоа од Амбасадата на САД во Македонија, во изјава за НоваТВ, откако ВМРО-ДПМНЕ побара амбасадата да појасни дали е против нивното барање за нови парламентарни избори.

Претходно, амбасадата на САД соопшти дека го набљудува процесот на формирање влада и ги повика партиите да продолжат со разговорите за формирање нова влада.

За ВМРО-ДПМНЕ ставовите и сугестиите од амбасадата се неприфателиви, бидејќи како што велат, немало официјална потврда од новата администрација на Вашингтон.

Со остра реторика партијата се огласи и на пораките на ЕУ, од каде рекоа дека очекуваат формирање на што поширока влада. Од ДПМНЕ порачаа дека ваквите сугестии се директно мешање во внатрешната политика на Македонија и дека тие до крај ќе се залагаат за нови избори.

Поврзани новости