За пет од седумтемина приведeни одредена е мерка притвор

by Фокус

Основниот суд Скопје 1, попладнево на пет од седумтемина уапсени во акцијата „Молња“ им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На другите двајца одреден им е куќен притвор.

Во акцијата „Молња“, која МВР ја спроведе утрово, уапсени беа седум лица. Тие се осомничени за „терористичка организација“ и „тероризам со помагање“, односно дека и помагале на терористичката група која во мај во Дива населба се пресмета со полицијата. Приведените се на возраст од 20 до 74 години.

При спроведувањето на акцијата и при апсењето на осомничените немало никакви инциденти, а поголемиот дел од осомничените веќе и се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се поднесувани разни кривични пријави за кои им се изрекувани и затворски казни.

Поврзани новости