За пет години ветинг во Албанија разрешени 155 судии и обвинители

by fokus 15:45
15:45

Пет години по усвојувањето на правосудната реформа во Албанија, посебната комисија за квалификација го презентираше бројот на судии и обвинители кои не минале низ процесот на проверка за потекло на имот, процес познат како ветинг.

– Во изминатите пет години поради неможност да го оправдаат потеклото на имотот што го поседуваат и чистотата на личноста разрешени се 155 судии и обвинители. Во исто време, 56 сами си поднесоа оставка, информират од комисијата. 

- Advertisements -

Додаваат дека донесени се 174 решенија за потврда на функцијата, осум одлуки за прекинување на процесот, 25 решенија за завршување на процесот без конечна одлука и три решенија за суспензија од должност за период од една година.  

Поради непоминување на процесот на проверка, разрешени се и петмина судии во Уставниот суд, меѓу нив и претседателот, како и повеќе судии од Врховниот суд. Двете највисоки судски инстанци поради некомплетност не работеа повеќе од две и пол години.

Поврзани новости