За Павле Трајанов малку се 62 пратеника, сакал 65!

by Фокус 08:16
08:16

Лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов на вчерашниот митинг во Гевгелија прогнозираше дека во четвртата изборна единица, под водство на вицепремиерот Зоран Ставрески коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 15 пратенички места.

– Почитувани граѓани, повеќе од јасно е дека е обезбедена голема разлика. Разликата е 120.000 гласа за коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатот за претседател Ѓорге Иванов. Сигурно е дека победуваме на 27-ми, но ни требаат – не 62 пратеника колку што предлага господинот Никола Груевски, јас предлагам 65 пратеника. Тоа е силна гаранција дека Македонија ќе оди напред,  дека ќе се гради Македонија, дека ќе се градат нови фабрики, дека ќе се отворат нови 65.000 работни места, дека ќе имаат шанса младите овде во Македонија да создаваат и да градат – им порача Трајанов на гевгеличани.

- Advertising -

Според ексминистерот за внатрешни работи најавите за бојкот нема да успеат бидејќи Македонците, Албанците и сите други ќе гласаат за консензуалниот кандидат – Ѓорге Иванов.

Поврзани новости