За околу половина час заврши спорната седница, ВМРО-ДПМНЕ се врати во собраниските клупи – се очекува да се гласаат антикризните мерки

by fokus

За околу половина час заврши спорната 32. седница, за којашто ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да присуствува и да обезбеди кворум барајќи да почне седницата на која треба да се гласаат антикризните мерки, со присуство и гласови на двајцата заразени пратеници кои гласаа од посебни кабини.

ВМРО-ДПМНЕ се врати во собраниските клупи и почна 36. седница на која треба да се гласаат мерките од петтиот пакет кои не можеа да се изгласаат од февруари месец.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски излезе на говорница со две заштитни маски, бидејќи имало заразени лица и обвини дека власта направила кривично дело со присуството на заразените пратеници.

-Досега правевте театар, а сега правите кривично дело, рече пратеникот од Левица, Димитар Апасиев од собраниската говорница кој додека се гласаше цело време бараше процедурална забелешка од собранискиот спикер, Талат Џафери. Тој обвини дека со доаѓањето на заразените пратеници се крши деловникот на Собранието и се врши кривично дело. Порача дека овие двајца заразени пратеници, кои според Апасиев, дошле во Собрание по налог на премиерот, Зоран Заев, први ќе одат во затвор за загрозување на здравјето на луѓето.

Го обвини Џафери дека со ова го довел во опасност цело Собрание да оди во карантин. Џафери пак му порача дека Собранието работи според протоколот на Комисијата за заразни болести.

Поврзани новости