За околу два месеци граѓаните повторно ќе може да плаќаат сметки во Пошта

by fokus

А.Д. Пошта на Северна Македонија ја чека одлуката од Влада за да може повторно да работи со платен промет. Пошта ја прифати понудата од Халк банка за соработка и сега чека одобрување од Владата за да го склучи договорот со банката.

Директорот на Пошта, Јано Макрадули во изјава за Фокус вели дека очекува одлука да има следната недела.

-Чекаме мислење од Влада и очекувам идната недела да има одлука, изјави Макрадули.

Спород договорот, целиот систем за вршење платен промет преку Ханк банка ќе треба да биде воспоставен и да почне да функционира најмногу за два месеци од склучување на договорот. Ова значи дека дека за околу два месеци граѓаните ќе може повторно да плаќаат сметки во поштите низ Македонија.

К.С.Б.

Поврзани новости