За неносење маски изречени 500 санкции

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 500 прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Поврзани новости