За Левица во игра е и опцијата за ново парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на вечерашната конференција на која соопшти дека Левица ги оствари проектираните цели на локалните избори освојувајќи советнички места во триесетина општини, откри и дека за вториот круг за одредени општини би преговарале за поддршка на опозициските кандидати за градоначалници, но само ако иницијативата дојде од нив.

За Левица во игра е и рушење на Владата на Заев преку формирање ново парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ.

-Во однос на нови избори, принципелниот став е дека не коалицираме предизборно со никого, така што ако има предвремени парламентарни избори, Левица ќе настапи самостојно. А, постизборно може да преговараме. Сепак, има уште една опција во игра, а тоа е  е ново парлемантарно мнозинство без избори и таа опција е во игра. Ќе видиме, сите опции се отворени. После овој дебакл мислам дека нештата нема да бидат такви какви што беа досега, рече Апасиев.

Поврзани новости