За кои ресори преговара АА за влез во Владата?

by Fokus

Министерството за правда останува еден од ресорите што целиме да ги раководиме, заедно со Министерството за здравство, информираат за МИА извори од Алијансата за Албанците околу преговорите за кадровските решенија при евентуален влез на партијата во Владата.

Од партијата велат дека преговараат за овие два ресори, со оценка дека имаат кадровски капацитети за раководење со нив.

Извори од Алијансата за Албанците потенцираат дека за трето министерско место, останува да преговараат следните денови заедно со кадрите од вториот и третиот ешалон.

Поврзани новости