За Јотова нема знак дека Владата во Македонија сака да стави крај на говорот на омраза кон сè што е бугарско

by Fokus

Откако Министерството за правда даде негативно мислење за бугарскиот клуб Иван Михајлов, официјална Софија смета дека станувало збор за обиди за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата.

Бугарската потпретседателка, Јотова за бугарските медиуми рече дека не постои ниту еден знак дека Владата во Македонија сака да стави крај на говорот на омраза кон сè што е бугарско.

„Поставувам реторичко прашање: дали високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, г. Борел , кој беше на турнеја во Албанија и Република Северна Македонија, како и комесарот за проширување, г. Вархеи ќе знае дека вандал нападнал културен институт на Бугарија, да потенцирам држава членка на Европската Унија, а каков ќе биде одговорот од европските институции“, рече Илијана Јотова – потпретседателка на Бугарија.

Со реакција се јави и бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков кој исто така бара Европската Унија да разгледа што се случувало во Македонија.

„Ситуациите во кои таму беа нападнати бугарски клубови и бугарски организации веќе поминаа. Сега и бугарската држава од вчера станува предмет на слични напади. За мене трендот е очигледен и оваа неказнивост предизвикува тенденција за нови провокации и злосторства“ – вели Милков.

За имињата на клубовите реагираа и од официјалното МНР на Бугарија во соопштението пишува дека од 17000 клубови, македонските иституции реагирале само за двата бугарски клуба.

Поврзани новости