За Груевски Заев е аболициран криминалец

by Фокус 11:35
11:35

Го гледам аболицираниот криминалец, кој деновиве се обидува мене и луѓето од ВМРО-ДПМНЕ да не’ претстави како криминалци. Го гледам како се обидува да не’ оцрни со фрлање кал врз нас, а не знае дека тој на 27-ми ќе пропадне во сопствената кал, ќе се удави, му порача вчера од митингот во Бутел премиерот Никола Груевски на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Реков еднаш и повторно ќе кажам, тоа се очајнички чекори на очајни луѓе. Луѓе коишто ќе ги слушаме уште 5 дена како ќе викаат, како ќе монтираат, како ќе се силат, како ќе вадат фалсификати, како ќе покажуваат се’ и сешто. И на 27-ми кога ќе видат дека повторно не можат да го изманипулираат овој народ, којшто веќе има доволно искуство, и којшто сите нас добро не’ познава и добро не’ одмерил кој сме и што сме, ама и нив ги одмерил во минатото гледајќи како се однесуваат. Кога ќе го видат судот на народот, од 28-ми кога ќе се зграпчат меѓу себе да се расправаат, кога ќе се грабнат да се обвинуваат, да се кодошат, да си монтираат внатре во СДСМ. Нема да можеме да ги разделиме, драги мои – рече Груевски.

- Advertising -

Поврзани новости