За гласање на референдумот досега се пријавиле само 251 граѓани од дијаспората

by fokus

Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб апликацијата до Државната изборна комисија доставени се вкупно 251 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Како што информираат од ДИК, од нив, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка.

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана – 18, во Торонто – 18, Канбера – 15 итн.

Од ДИК информираат дека податоците од јавниот увид во избирачкиот список ќе ги објават во понеделник.

Поврзани новости