За еден час со воз од Скопје до Софија, но во 2027 година

by fokus

Транспортот, енергетската поврзаност и економските односи се тема на денешната прва седница на Меѓувладината комисија за економска и трговска соработка меѓу Бугарија и Македонија.

Акцентот на седницата ќе биде ставен на изградбата на железничка линија меѓу Софија и Скопје, како и намалувањето на роамингот.

Бураскиот министер за транспорт, Росен Жељазков, пред почетокот на седницата изјави дека помеѓу 2025 и 2027 година е рокот за завршување на железничката линија Софија-Скопје.

-Во Бугарија за новиот програмски период, планираме 400 милиони евра за изградба и модернизација на пругата Софија – Перник – Радомир – Гешево – граница. Од страна на Република Северна Македонија е предвидена слична сума. Според планот до 2025 година, плус-минус, се очекува да имаме изградена инфраструктура, што е исклучително важно, од гледна точка на поврзаноста и брзината на движење. Планирано е патот Софија-Скопје да не трае повеќе од еден час – рече Жељазков.

Целта е железничката линија од Скопје до бугарската граница да се заврши до 2027 година. Кога Скопје и Софија ќе бидат поврзани, оваа железничка линија ќе биде дел од Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Бугарија, Македонија и Албанија.

Поврзани новости