За доградба на Собранието ќе се потрошат дополнителни 4,3 милиони евра

by Фокус

За довршување на реконструкцијата на објектот на Собранието ќе бидат потрошени уште 4,3 милиони евра.

Според информациите објавени на веб сајтот на Бирото за јавни набавки, Собранието кон крајот на март потпишало нов договор со градежната компанија „Бетон“, која за две години треба да изврши изведување на градежни и занаетчиски работи, но без да се прцезираат детали на што точно ќе бидат потрошени овие пари.

Стручниот надзор над градежните работи ќе го врши фирмата „Геинг“, за што е склучен договор на сума од 63.000 евра.

Од Собранието не ја известуваат јавноста за што точно ќе се потрошат овие пари, но и зошто реконструкцијата се одложи толку многу, бидејќи трае со години.

Со најновите два договори, вкупната сума за санација и надградба на парламентарното седиште надмина 15 милиони евра.

Поврзани новости