За Димитров разрешувањето на преговарачот Наумоски е шпекулација

by fokus

Прашан како ги коментира информациите дека Владата размислува за разрешување на македонскиот преговарач за името, и амбасадор во САД, Васко Наумоски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров изјави дека нема да ги коментира шпекулациите.

Ова тој го рече во изјава за медиумите по средба со неговите колеги од Шведска и Финска, Маргот Валстром и Тимо Соини.

Тие ја повториле поддршката на двете земји за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Поврзани новости