За четири дена 41 судир на скопските улици, пајакот кренал 98 возила

by fokus

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 41 сообраќајна незгода, од кои во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица. Во 17 со полесни повреди се здобиле 28 лица, а во 21 сообраќајка инволвираните поминале само со материјална штета.

Само во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Во саботата извршен бил увид во 10 сообраќајни незгоди, во недела на 10 сообраќајки, а вчера во Скопје бил извршен увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Во текот на изминатите четири дена полицијата открила и санкционирала 17 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, 17 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на црвено светло на семафор, осум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 82 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано. Биле затекнати и 83 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 98 возила.

Поврзани новости