За брзо возење во Скопје казнети 47 лица

by Fokus

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и вчера само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки.

Од вкупниот број мерки, 47 се за непочитување на брзина на движење 47, 18 за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас и 23 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Поврзани новости