За 552.000 евра СГС ќе ги обезбедува Електрани Македонија

by fokus 12:11
12:11

Агенцијата за обезбедување Секјурити груп сервисис (СГС) во наредните две години ќе ги обезбедува објектите на АД Електрани Македонија, за сума од 552.000 евра.

Акционерското друштво минатиот месец склучило четири договори со СГС, во вкупна вредност од над половина милион евра, а истите денеска беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Оваа aгенција обезбедува поголем дел од објектите од проектот „Скопје 2014“, како и државни институции.

В.В.

 

Поврзани новости