За 24 часа починаа 24 лица заразени со ковид

by Фокус
Во изминатото деноноќие, починати се 24 лица заразени со ковид.
Притоа, двајца пациенти се од Скопје (77 и 67), еден од Куманово (59), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45), тројца од Велес (82, 78 и 82), двајца од Битола (80 и 62), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68), двајца од Гостивар (66 и 68), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61) и еден пациент од Пробиштип (69).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати е 1.049, а бројот на активни случаи изнесува 11.194.

 

Поврзани новости