За 24 часа дури 194 нови заразени со Ковид-19

by fokus

Во последните 24 часа од направени 1697 тестирања регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5, Кичево-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

Направените 1697 теста се преку: ИЈЗ-588, ЦЈЗ Скопје-88, Авицена-360, Биотек-158, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Систина со PCR метода -117, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-7, ГАК-11, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Поврзани новости