За 100 денари на Градски на хуманитарен спектакл Вардар – Црвена Звезда

by Fokus

Цените за билетите за хуманитарниот натпревар помеѓу скопски Вардар и белградска Црвена Звезда за помош на семејствата на жртвите на големата трагедија во Кочани ќе бидат со цена од 100 денари за западната и источната трибина, односно 200 денари за јужната и северната.

Бесплатно ќе биде за децата од основните школи во Кочани кои би пристигнале на стадионот организирано.

Ова денеска, меѓу другото го соопшти претседателот на ФК Вардар – Миленко Неделковски.

„Информација за оние што се интересираат за билети за хуманитарниот со Ц. Звезда: Билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа (исто како што ФФМ сега продава за Велс). Југ и Север 200 денари, Запад и Исток 100. Бесплатно за децата од основните школи од Кочани што организирано би дошле. Сите други плаќаат, почнувајќи од мене и Претседателот на ФФМ до секој добронамерник и хумана личност што ќе дојде на натпреварот“, стои во соопштението.

Мечот е предвидено да се одигра на 16 април.

Поврзани новости