Загина жена откако возило со четворица Македонци излета од автопатот Белград-Ниш

by fokus

Едно лице почина, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари која се случи синоќа.

До несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот во правец кон Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со македонски регистерски таблици излетал од патот.

Во возилото имало четири државјани на Македонија, двајца мажи и две жени на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар. Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот.

Поврзани новости