ВМРО-ДПМНЕ: Со законот за амнестија Заев создава криминална коалиција за да се задоволи подземјето

by fokus

Заев со законот за амнестија создава криминална коалиција со која ќе се задоволи подземјето, се со цел корумпирање на гласови во пресрет на изборите, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека со Законот за амнестија СДСМ сака да го легализира криминалот во Македонија.

„Со овој закон СДСМ сака да ги амнестира лицата кои се обвинети за убиство и тешки дела. Ваквиот чекор е доказ дека СДСМ и Заев воопшто не водат грижа за безбедноста на граѓаните туку пред се ги ставаат нивните лични и партиски интереси“, посочуваат од партијата.

Додаваат дека Заев е во паника поради претстојните локални избори.

„Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС. Овој закон ќе ја продлабочи кризата и хаосот што го создадоа СДСМ и Заев во Македонија, а пак животот на граѓаните сериозно ќе го доведе во опасност“, стои во партиското соопштение.

 

Поврзани новости