Лихвар од Кочани си исплаќал од социјалната помош на мајка двојно повеќе од дадениот заем

by fokus

Против 59-годишниот М.Џ. од Кочани е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „лихварство”. Според сознанијата на полицијата пријавениот во  април и мај 2017 година на А.Д. од Кочани во  два  наврати  и  дал  на заем  вкупно 10.500 денари, при што  договорил за земениот заем  од 10.500 денари во период од шест месеци да му врати 21.900 денари.

„Тоа требало се изврши на начин што А.Д. требала да му ја даде нејзината дебитна картичка и тој самиот да ги вади  нејзините парични средства што ги добива како корисник на социјална помош“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во јануари 2017 година на Д.П. од Кочани и дал на заем 4000 денари  и прехранбени производи од неговата продавница во износ од 3000 денари. Притоа било договорено за земениот заем  од 7000 денари да му врати 16.600 денари.  Д.П. му ја дала нејзината дебитна картичка, преку која пријавениот ги подигал паричните средства што Д.П. ги добивала како  надоместок за трето дете.

Поврзани новости