Коневски: Никогаш не ги отстранив флешерите, веста е апсурдна

by fokus

Веста што денеска беше објавена во медиумите дека повторно сум ги вратил флешерите на општинското БМВ е апсурдна, бидејќи тие никогаш не биле отстранети за да можам повторно да ги вратам, реагира поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски.

„Возилото на Општина Аеродром и го додели Владата на РМ со вградени флешери и оттогаш МВР нема побарано тие да се отстранат. Вчерашното стопирање на возилото и изживување пред моето 7 годишно дете и пишување прекршочна пријава за флешерите на возилото е продолжување на притисоците што почнаа уште во предизборната кампања и очигледен показател какви луѓе се на чело на МВР и на државата, кои се занимаваат со маргинални теми наместо да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните, за што земаат плата“, се вели во писмената реакција на Коневски.

Поврзани новости