Заев не погреши, дождовите вчера го поплавија Драмски театар

by fokus

Синоќешната претстава во Драмски театар морала да биде откажана поради водата која продрела на сцената. Вчерашните дождови го поплавија стариот објект во кој се наоѓа театарот, поради што посетителите морале да ја напуштат салата.

Овој театар синоќа беше и тема на дебата на тв дуелот меѓу Заев и Мицкоски. Во еден момент премиерот зборувајќи за она што го направила претходната власт и новите објекти кои се лошо изведени, го спомна и Драмски театар кој рече сигурно и вечерва протекува, но Мицкоски го поправи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека МНТ се поплавува, а не Драмски. Но излезе дека Заев не погрешил.

Директорот на театарот, Сашо Тасевски, напиша на фејсбук дека наскоро овој проблем ќе биде решен. Според Тасевски тендерот за покривот на Драмски е завршен, Министерството за култура одвоило 3 милиони денари за санација која ќе почне да се реализира на 30 мај.

Фото: Алсат М

Поврзани новости