На Мицкоски не му е смешен хуморот на Ковачевски: Друг пат пред да кажеш нешто, размисли

by Fokus

Повторно Димитар Ковачевски го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи, реагира лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, откако премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави за него дека се однесува како внук му, наместо да работи, бара плејстејшен.

„Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија“, рече Мицкоски.

Како што рече Мицкоски, Македонија тоне на листата на корупција на “Транспаренси Интернешенл”.

„За жал реалноста во Македонија е катастрофална, државата се распаѓа, тоне и е во хаос. Димитар можеби може да си дозволи да купи плејстејшн од бизнисите кои му цветаат, може дури и Али или Артан да ги викне да му купат и 50% од фирмата плејстејшн, и да го израдуваат повеќе, може дури и видео игра да си нарачаат во која ќе се херои, фудбалски ѕвезди, но во реалноста за жал секогаш ќе бидат криминалци во политиката кои гледаат како да се одржат на власт уште десетина месеци за да искрадат уште што може“, додаде опозиционерот.

Тој упати лична порака до Ковачевски.

„Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!“, рече Мицкоски.

Поврзани новости