МВР: Фросина Тина Мартиновска не работи во МВР, против неа ќе биде поднесена кривична пријава

by fokus

Кривична пријава најави Министерството за внатрешни работи по документирање на случајот со објавата на Фејсбук од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа. Најавата за кривична пријава следи по реакциите во јавноста за фејсбук корисничката Фросина, која преку својот профил оставала коментари со навредлива содржина кон Албанците.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението на Министерството.

Од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството, како што беше пренесено во дел од медиумите.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани новости