Вуцис: Процесот меѓу црквите ќе трае околу три месеци, сите отворени прашања ќе се затворат заедно

by fokus

Само доколку се исполнат и завршат сите предвидени услови од договорот, тогаш ќе се ратификува од парламентот, рече претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, во синоќешното интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, а не ја исклучи можноста, веднаш по потпишување на договорот да се одржи и расправа во парламентот.

-Бидејќи ќе станува збор за ратификација на договор што ќе има и меѓународни аспекти и гаранции, сигурно ќе дојде во парламентот, но во крајната фаза, односно штом условите, штом предусловите што ќе бидат предвидени, ќе се финализираат, рече Вуцис.

Во однос на телефонскиот разговор меѓу премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, Вуцис, синоќа, изрази надеж дека „во следните 24-48 часа ќе има позитивен одговор од другата страна, што ќе даде и зелено светло за да започне некоја разврска“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Мислам дека штом се оствари овој телефонски разговор, во исто време тоа да биде и зелено светло за многу брзо да почнат разврските што ќе го одредат патот до заемно прифатливо решение, нешто што мислам дека ќе биде и во корист на нашата земја, рече претседателот на грчкиот Парламент изразувајќи оптимизам дека ќе постои договор.

Во однос на случајот со црквата, новинарот од ЕРТ, повикувајќи се на свои информации рече дека е почнат процес меѓу црквите што ќе трае околу три месеци, а потоа ќе се знае дали ќе се реши и тоа прашање, на што Вуцис му одговори дека сите отворени прашања ќе се затворат заедно и ќе бидат вклучени во договорот.

-Верувам дека и прашањето со расколничката црква и сите останати прашања што сега се појавуваат како нерешени прашања, ќе се решат, објасни претседателот на грчкиот Парламент.

Вуцис рече дека ставот дека „Македонија е една и грчка“, односно неприфаќањето на сложено име, не е во корист на интересот на Грција, додека, пак, на оние кои што бараат референдум и во Грција, им одговари дека никој од земјата не бара да даде нешто, за да мора народот да одлучи.

-Земјата, не е повикана да смени име, со право господинот Заев и власта во ПЈРМ велат дека ќе се одржи референдум, бидејќи ќе се смени нивното уставно име. Во Грција, не произлегува некое такво прашање. Никој не ни бара да дадеме нешто, ќе го разбереме ли ова некогаш? Никој не ни бара да дадеме нешто, за да кажеме, можно ли е да се даде ова или тоа име, па потребно е народот да одлучи, рече Вуцис.

Поврзани новости