Вучиќ: За регионот е важно на мирен начин да се реши проблемот со формирањето влада во Македонија

by fokus

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон МекКејн денеска во Белград разговарале за состојбата во Македонија и во регионт.

-За стабилноста и мирот во регионот многу е важно на мирен начин да се реши проблемот со формирањето на владата во Македонија. Зборував за нашата иницијатива што поскоро да продолжи дијалогот со Албанците во Брисел и дека позитивно ќе влијаеме на состојбата во регионот и градењето на најдобриот можен начин на односите со Црна Гора, Македонија и Албанија, бидејќи стабилноста во регионот е од особено значење за нас, изјави Вучиќ по средбата.

Српскиот премиер нагласил дека од суштинско значење за сите во Западен Балкан е да се реши проблемот во Македонија и додал дека се надева оти со почитување на македонските закони проблемот ќе биде решен на мирен начин.

Поврзани новости