Вучиќ со порака до Косово: Ќе победиме без војна, но нема да се двоумам ако српскиот народ биде нападнат на Косово!

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ беше спречен да го посети селото Бање во општина Србица, откако стотина Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава со багери и шлепери го блокираа патот каде требаше да помине државната колона на српскиот претседател, кој е во дводневна посета на Косово.

Српските медиуми јавуваат дека освен транспаренти против посетата на Вучиќ на Косово, се палеле и гуми, а можеле да се слушан и пукотници.

„Работите треба да се решаваат со зборови и ум, а не со оружје“, изјавил српскиот претседател во врска со истрелите, јавуваат тамошните медиуми. Според српскиот министер за внатрешни рафалите се порака до сите Срби дека не се добредојдени на Косово.

Откако сите патишта кои водат до Бање, биле блокирани, косовската влада ја откажа посетата бидејќи КФОР и косовската полиција, како што наведуваат не можеле да ја гарантираат безбедноста на српскиот претседател, Вучиќ се врати во Косовска Митровица.

Телефонски разговараше со жителите на Бање, по што одржа митинг на централниот плоштад, од каде што порача дека нема никаков договор со Приштина.

„Ќе победиме без војна, но во ниту еден момент нема да се двоумам доколку српскиот народ на Косово биде нападнат, предупреди српскиот претседател.

„Нема да ви ветувам оружје и муниција, но јасно ви ветувам дека нема да дозволиме никој да користи оружје против вас. Тоа сум го кажал пет пати до сега и го повторувам и денес“, рече Вучиќ од Митровица.

Од ЕУ изразија жалење поради спречувањето на Вучиќ да го посети селото Бање. Бараат од сите одговорни да го зачуваат редот и да обезбедат слободно движење, повикувајќи на смиреност.

Поврзани новости