Вучиќ: Скопје направи сè да им се додвори на Германците

by Frosina Fakova

Северна Македонија направи сè за да и се додвори на Германија како најмоќна сила во ЕУ, изјави српскиот претседател утрово во интервју за телевизија Прва, по изјавата на министерот за одбрана, Александар Вулин кој испрати навредлива порака за македонскиот јазик и претседателот, Стево Пендаровски.

Вучиќ тврди дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски замолил Северна Македонија да не се изјаснува за Косово и Метохија.

– Единствена работа што го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше, внимавајте, како Бог ве молам, гледајте за тие теми (Косово и Метохија) да не зборувате – рече Вучиќ.

– Тие секако направија се спротивно од таа моја молба за да се истакнат во тоа додворување на Германците – додаде Вучиќ.

Тој вели дека му е јасен ставот на Северна Македонија која ја призна независноста на Косово, но дека секогаш ќе опоменува дека територијата е дефинирана со резолуцијата 1244.

Остра реторика од Србија: Пендаровски да молчи на јазикот кој никој, освен Србија, не му го признава

Поврзани новости