Вучиќ се уште е во болница, имал проблеми со висок крвен притисок

by fokus

Освен краткото соопштение утринава испратено од Генералниот секретеријат на српскиот претседател, во кое се наведува дека „Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми е примен на Военомедицинската академија (ВМА)“ и потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, дека неговата здраствена состојба е стабилна, во Србија се уште нема официјални информации за конкретните причини за синоќешното влошување на здравјето на српскиот претседател. Засега не е прецизирано ниту кога претседателот ќе биде пуштен дома.

-Дали денес или утре- ќе зависи од проценка на лекарите, велат од неговиот Кабинет.

Според медиумите, најверојатно српскиот претседател имал проблеми со високиот крвен притисок, што не е прв случај и се должи на неговиот прекумерен политички ангажман.

Министерот за финансии Синиша Мали, на Инстаграм профилот напиша:

-Поддршка за мојот пријател и нашиот претседател Александар Вучиќ. Брат мој, знам дека не ги сонуваат сите нашите соништа и дека карактерот не ти дозволува долго да одмараш, но те молам повеќе да се грижиш за себе. Продолжуваме да се бориме … За подобра и поуспешна Србија, напиша Мали.

Со слична порака се огласи и министерот за одбарана Александар Вулин, кој порача дека „сè ќе биде добро, затоа што Александар Вучиќ е силен и тврдоглав, а не затоа што ги слуша лекарите“.

Поврзани новости