Вучиќ отфрла поврзаност со нон-пејперот за промена на граници

by Фокус

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва негираше дека има врска со нон-пејпер за промена на границите на Западен Балкан. Како што рече тој, ниту го пишувал ниту го видел овој документ.

-Гледате, вие велите дека Србија ќе го признае независно Косово, дека е подготвена да се откаже од Прешево и Бујановац со цел да ја добие Република Српска. Тоа нема да се случи затоа што не е реално и не ни треба – рече Вучиќ.

Поврзани новости