Вучиќ одлучи дека новата коалициона влада ќе трае две години, а Дачиќ ќе биде претседател на Собранието

by fokus 22:59
22:59

Идната срспка влада ќе биде коалциона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА, Вучиќ на прес конференција по седница на претседателството на СНС изјави дека лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание.

Вучиќ изјави дека на седницата на СНС, врз база на големото мнозинство што го освои партијата на парламентарните избори и поради пандемијата на коронавирус, донесени се 6 препораки и приоротети за мандатарката Ана Брнабиќ за идната влада.

Во препраките кои Вучиќ ги истакна се борбата против епидемијата, борбата за Косово со подготвенсот за компромисно решение, борбата против мафијата, реформи во правосудството и евопските интеграции, економски раст на Србија од 6%, борба за суверенитетот и независноста на Србија со воена неутралност.

-Имаме мнозинство и тоа значи голема одговорност. Имавме 8-годишна успешна коалиција со СПС на Дачиќ и соработката ќе ја продолжиме и во новата влада, со нешто изменет формат.Ќе имаме коалиција и со СПАС на Шапиќ, изјави Вучиќ, кој додаде дека ќе се разговара и со партиите на малцинствата, за одредени раководни места, за државни секретари и директорски места.

Поврзани новости