Вучиќ: Не сме заинтересирани за Голема Србија

by Fokus 09:42
09:42

Не сме заинтересирани за создавање на „Голема Србија, рече српскиот претседател Александар Вучиќ за време на онлајн конференција организирана од Атлантскиот совет на 22 април, повикувајќи се на наводен нон пејпер кој предвидува прецртување на границите на Западен Балкан.

-Никогаш не сте чуле од мене или од премиерот на Србија дека сакаме да создадеме голема Србија, рече Вучиќ, потенцирајќи дека кога ќе го каже тоа, ги слуша луѓето како велат дека не му веруваат. На помалку од три месеци пред шестмесечното претседателство на Словенија со Европската унија, во медиумите се појавија обвинувања за наводен предлог за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин да се реши хроничниот проблем меѓу шесте земји во регионот.

- Advertisements -

Вучиќ изјави дека е горд на идејата за воспоставување мал Шенген, односно единствен пазар во регионот на Западен Балкан, кој, како што рече, сè уште го гледа како иднина на регионот. Сепак, Вучиќ вели дека постојат политички предизвици. Како што рече, дел од вината е и на Србија.

-Не беше лесно да се продаде таа идеја политички на нашата домашна публика. Мислам дека беше најлесно за мене и за Зоран Заев, премиер на Северна Македонија. Не му беше лесно на Еди Рама, премиерот на Албанија, поради одбивањето на Косово да учествува во тоа, рече Вучиќ, додавајќи: „И ако ги прашате зошто го прават тоа, нема рационален одговор на тоа прашање или тие едноставно не одговараат на ништо. И тогаш, тие потпишуваат во Вашингтон дека ќе го сменат својот став по тоа прашање. Досега тие не презедоа ништо. Искрено не знам што им е“.

Поврзани новости