Вучиќ најави парични награди за вакцинираните против ковид

by Fokus

Сите граѓани на Србија кои досега се вакцинирани против ковид или ќе ја примат барем едната доза против ковид-19 до 31 мај, ќе добијат од државата дополнителни 3 000 динари.

Ова го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и според него ќе биде еден вид на благодарност за луѓето кои покажале одговорност.

-Ова можеби ќе биде мотив и за оние кои сè уште не се одлучиле дали да се вакцинираат. Но, бидејќи немаме начин како да воведеме мерки за оние кои одбиваат да се вакцинираат, редно е да ги наградиме тие кои покажаат одговорност и свесност, рече Вучиќ.

Најавената парична мерка се однесува и на пензионерите кои ќе одлучат да се вакцинираат во текот на месец мај. Вучиќ во гостување на утринската емисија на ТВ Пинк рече дека вакцинацијата игра важна улога во подобрувањето на економијата.

-Со вакцинираните ќе можеме повторно нормално да работиме и да ја зајакнеме дополнително нашата економија, додаде Вучиќ.

Поврзани новости