Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на шефот на српската држава.

Според најавата, Заев, Вучиќ и Рама во Скопје ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка, организиран од стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Според податоците од веб-страницата на Економскиот форум, свое учество на собирот досега пријавиле околу 300 компании, од кои 175 од Србија, 79 од Северна Македонија, 28 од Албанија, девет од БиХ, како и фирми од Австрија, Тајван, Полска и Грција.

Како што вчера изјави српскиот претседател, во Скопје ќе бидат потпишани договори за менување на името на иницијативата „Мини Шенген“ и за воспоставување на посебни „брзи ленти“ на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот.

-Ние работевме на три документи и верувам дека во Скопје ќе ги потпишеме, тие се важни документи за трговијата, работните дозволи и заемната поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи, изјави Вучиќ.

Поврзани новости