Вучиќ му го врачи српскиот пасош на Ралф Фајнс

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лично му ги врачи српскиот пасош и личната карта на британскиот глумец и режисер, Ралф Фајнс.

Фајнс доби државјанство на Србија за потребите на филмот што го снима во земјава, а кој се работи за најголемиот балетан на сите времиња Рудолф Нурејев. Ова е втор негов филм што се снима на тлото на оваа земја, откако во 2010 година во Србија се одиграа и сцените на филмот „Кориолан“.

„Горд сум што ви го давам овој пасош затоа што знам дека многу ја сакате Србија и тоа е најважно. Ние Србите сме среќни што ве имаме за пријател, а сега и за сонародник. Не само заради „Англискиот пациент“, туку и заради она што го правите за и во нашата земја“, истакна Вучиќ.

Фајнс се обрати на српски јазик.

„Ви благодарам претседателе. Никогаш не сум мислел дека ќе станам Србин. Сега излгледа сум. Ви благодарам што го прифативте овој Англичанец во вашата татковина“, возврати тој.

 

Поврзани новости