Вучиќ: Има предлози невакцинираните самите да си го плаќаат лекувањето ако се заразат со Ковид-19

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ упати апел до лекарите што поскоро да препорачаат дали е потребно да се почне со дополнителна имунизација со трета доза од вакцината против коронавирусот. Тој посочи дека Србија во моментот располага со 1,3 милиони вакцини.

-Ве молам да решите, дали треба да одиме на трета доза и дали вакцините може да се мешаат. Тоа е одлука која мора да ја донесе струката. И уште еднаш би сакал да ги замолам тие што не се вакцинираа да го сторат тоа, нагласи Вучиќ.

Тој укажа и дека хоспитализацијата е исклучително скапа а здравствениот фонд се потешко го издржува тој товар, па затоа се појавиле и предлози со кои се сугерира болничкото лекување на невакцинираните да биде на нивен личен трошок.

-Јас не би можел тоа да го прифатам бидејќи е кршење на рамноправноста. Но, нешто ќе мора да сториме. Како и што, сега не сум подготвен да кажам, истакна Вучиќ.

Поврзани новости