Вучиќ и Путин речиси исто популарни во Србија

by fokus

Српскиот претседател, Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од рускиот претседател, Владимир Путин во Србија, покажало истражувањето на „Демостат“.

Најпопуларен српски политичар, по Вучиќ е претседателот на Република Српска – Милорад Додик, а граѓаните го доживуваат Виктор Орбан како домашен лидер.

Едно од прашањата на анкетата – истражувањето било и тоа кои луѓе граѓаните на Србија ги сметаат за најблиски кога е во прашање опкружувањето.

Секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, а четвртина ги сметаат Македонци за најблиски.

Доколку утре има референдум за влез на Србија во Европската Унија, „ЗА“ би гласале 34 отсто од граѓаните, додека 51 отсто од испитаниците се против влез во Унијата.

 

Поврзани новости