Вучиќ и Курти во Брисел ќе потпишат декларација за исчезнатите во војната

by Фокус

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Куртин на состанокот во Брисел кој е закажан за 18 август би требало да потпишат заедничка декларација за решавање на прашањето за исчезнатите лица од војната на Косово, објави денеска српска „Нова”.

Иако се уште официјалната агенда е непозната за јавноста и сите погледи се вперени кон решавање на проблемот за личните карти и регистарски таблички на српските возила, во Брисел, според информации на Нова, се очекува токму прашањето за исчезнатите да се најде на маса.

Според нивниот извор, со оваа декларација би требало да се пронајдат информации за исчезнатите во војната, додека пак есенва се очекува да се реши и прашањето за враќањето на имотот и евентуалното враќање на раселените лица.

Новата рунда разговори доаѓа откако претходно, тензиите на северот на Косово дојдоа до точка на вриење, како резлутат на одлуката на косовската Влада да започне со примената на одлуката за реципроцитет со Србија во врска со примената на документите и менување на српските регистарски таблички.

Овој потег предизвика револт кај српското население на северот од земјата по што беа поставени барикади и беа блокирани два гранични премини.

Поврзани новости