ВМРО-ДПМНЕ, покрај сите предизвици со кои се соочува државата во моментов, наивно продолжува со ширењето на дезинформации, лаги и невистини, велат од општина Центар како реакција на обвинувањата од опозициската партија дека оваа скопска општина е преплавена со отпад.
„ВМРО-ДПМНЕ, покрај користењето на стари слики, упорно заборава дека за собирање на смет од контејнерите надлежно градско претпријатие е ЈП ‘Комунална Хигиена’, а не општината и таа е адресата на која треба да ги побараат одговорите. Општина Центар во рамките на својот делокруг, редовно ги расчистува и отстранува дивите депонии кои изникнуваат на нејзина територија“, велат од скопската општина и додаваат дека партијата во недостиг на продуктивни предлози и идеи и понатаму се служи со разни деградации и омаловажувања на работата на градоначалникот и на општината.