Второ и трето-оделенците ќе учат уметност и Светот околу нас, предвидуваат новите наставни планови на МОН

by fokus 13:03
13:03

Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по извршената ревизија, подготвени и објавени се новите наставни планови и програми за второ и трето одделение.

Според предлогот на МОН, учениците во второ и трето одделение ќе учат по шест предмети: Мајчин јазик, Англиски јазик, Математика, Светот околу нас, Уметност, Физичко и здравствено образование.

Неделно и во второ и во трето одделение најмногу часови или секој ден, учениците ќе имаат по предметот Мајчин јазик. Четири часа неделно се предвидени за Математика, а по три часа неделно децата ќе имаат Уметност и Физично и здравствено образование. Англиски јазик ќе се изучува на два часа во текот на неделата.

За предметот Светот околу нас во второ одделение се предвидени по два часа неделно, а во трето по три. Со ова вкупниот фонд на часови на неделно ниво во второ одделение треба да изнесува 19, а во трето 20 часа.
МОН бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за второ и трето одделение.
Новите наставни планови и програми за второ и трето одделение на македонски, албански, турски и српски јазик може да се преземат на следните линкови: второтрето.
Сите коментари и предлози можат да се испратат на на [email protected], или да се достават до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

Поврзани новости