Втор круг од парламентарните избори во Франција

by Fokus

Во Франција денеска се одржува вториот круг од парламентарните избори. Кампањата заврши на полноќ во петокот со речиси борбен тон меѓу претседателот Емануел Макрон (Заедно) и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон, кои се рамо до рамо по првиот круг на 12 јуни.

Вториот круг одлучува дали, два месеци по неговиот реизбор за втор петгодишен мандат, на 24 април, Макрон по изборите ќе има апсолутно или просто мнозинство во Националниот парламент.

Првиот круг од парламентарните избори во Франција минатата недела беше шок за претседателот Макрон: кандидатите од неговата владејачка партија претрпеа големи загуби и беа на ниво на нивните политички противници од обединетата левица. Оваа недела во елиминацискиот втор круг ќе биде возбудлив, бидејќи неизвесно е дали партијата на претседателот ќе го постигне владејачкото мнозинство во Националното собрание.

Без мнозинство, партијата на претседателот Макрон би можела да зависи од гласовите на левичарскиот сојуз, а тој и Франција би можеле да се соочат со политичка парализа. Од тоа зависат плановите на Макрон за длабоки реформи во Франција.

Поврзани новости