Втор ден жалост за жртвите од автобуската несреќа

by fokus

Во земјава денеска е втор ден на жалост по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во која вчера на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум се повредени.

Владата вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.

Поврзани новости