Втор ден протест пред Влада на автошколите

by Фокус

Автошколите и денеска протестираа пред Владата и со своите возила ја блокираа улицата Илинденска. Причина за протестот се новите законски измени според кои автошколите се должни за време на оспособувањето на кандидатот за возач да имаат вклучено камера во просторијата за теоретска настава, како и во возилото за обука и тоа на 30 сантиметри оддалеченост од инструкторот и кандидатот за возач.

-Вчера имавме состанок со претставници на МВР и имаме некои добри сигнали од таму дека може да биде одговорено позитивно дали да се укине овој член од законот дали да се одложи, во секој случај да ја одболкираме работава, рече Јончо Апостоловски –претседател на националното здружение на авто-школи.

Додека трае протестот автошколите и инструкторите не работат, односно кандидатите за возачи не ги возат своите часови за обука. Претставниците на 120 автошколи поеднесоа и барање до Уставниот суд да го укине делот од законот кој предвидува обуката на кандидатот за возач и работата на инструктор да се снима со двострана камера.

Поврзани новости