Втор ден јајца врз Уставниот суд

by Фокус

Граѓани револтирани од вчерашната одлука на Уставниот суд да му дозволи на претседателот да помилува осудени за изборни измами и попладнево протестираа пред Уставниот суд.

„Мафија во робија!“, “Долу со гробарите на Уставот!“ „Оставка!“, „Апаши!“, „Вратете ги парите!“ беа дел од паролите кои можеа да се слушнат од граѓаните кои протестираа. Тие бараа оставки од петте судии кои гласаа за спорната одлука и ги извикуваа нивните имиња. Освен ова, исто како и при вчерашниот протест, беа фрлани јајца врз зградата на Уставниот суд, која демонстрантите ја нарекоа зграда на срамот.

-Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување.Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот, велат од граѓанската платформа „Ајде“, која е една од иницијаторите на протестот.

Поврзани новости