Вселенската Патријаршија ќе го разгледа македонското барање за враќање во канонски рамки како Охридска архиепископија

by fokus 09:28
09:28

Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската Патријаршија, откако добиле барање и писмо од македонскиот премиер.

Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisements -

– Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх, соопштуваат од Вселенската Патријаршија.

Поврзани новости